Македонија МТСП: Сабота, 14 декември ќе биде работен ден за градинките

МТСП: Сабота, 14 декември ќе биде работен ден за градинките

Градинка Срничка

Министерството за труд и социјална политика информира дека 14 декември (сабота) ќе биде работен и за градинките.

„МТСП ги извести управите на градинките дека по донесената одлука од Владата на својата 167. седница дека 14 декември 2019 година, сабота, ќе биде работен ден за вработените во државните институции потребно е спроведување на истата и од страна на јавните општински установи детски градинки. Согласно со одлуката, 14 декември ќе се одработува за 2 јануари 2019 година, кој што беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции“, се вели во соопштението.

Истовремено, МТСП ги извести градинките дека децата кои имаат потреба од згрижување на 14 декември, дека треба да бидат прифатени во детската градинка и согласно тоа, ги задолжи да направат организацијата за прием и згрижување на децата. Организацијата за прием е во надлежност на управите на детските градинки.

„МТСП ги информираше градинките да ги известат родителите дека згрижувањето на децата ќе се организира во еден од објектите на установата. Препорачано е родителите благовремено да бидат известени во кој објект ќе се врши згрижувањето на децата“, се додава во соопштението.

Инаку, според одлуката на Владата во сабота на 14 декември од страна на јавниот сектор ќе се спроведе акција за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ со цел подигање на свеста за почиста околина.