Свет Можен е поголем ангажман на НАТО во борбата против ИД во Ирак

Можен е поголем ангажман на НАТО во борбата против ИД во Ирак

НАТО ја разгледува можноста за поголем ангажман во борбата против милитантите на Исламска држава во Ирак, а одлуката ќе биде донесена на самитот во Полска, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Алијансата, исто така, ќе разговара и за испраќање директна помош на меѓународната коалиција против милитантите, која ќе ја сочинуваат надзорните авиони „авакс“.

Американскиот министер за одбрана Еш Картер ја поздрави таквата можност, но додаде дека очекува НАТО да „направи повеќе“ во уништувањето на ИД.