Свет Могерини: Нападите во Дамаск се против покренување на политичкиот процес

Могерини: Нападите во Дамаск се против покренување на политичкиот процес

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, изјави дека нападите на Исламска држава во Дамаск, во кои беа убиени повеќе од 60 лица, „очигледно се насочени против обидите да се покрене политички процес“ и да се стави крај на судирите во Сирија.

Три бомби, од кои една автомобил-бомба и две активирани од бомбаши-самоубијци, експлодира вчера во близина на шиитското светилиште Сајид Зеинаб, на југот на Дамаск, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Меѓу загинатите има и 25 шиитски борци.