Свет Европа Могерини: ЕУ го губи угледот поради бегалската криза

Могерини: ЕУ го губи угледот поради бегалската криза

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, оцени дека односот на Европската унија спрема бегалската криза ѝ штети на угледот, предупредувајќи дека може да доведе до губење на влијанието, но и на меѓународниот кредибилитет на Унијата.

Според неа, дејствувањето на ЕУ по прашањето за бегалската криза ѝ штети на надворешната политика.

– Тоа во голема мера го слабее нашиот кредибилитет во странство – истакна таа.

Европската унија, како што наведува, значајно го губи влијанието ако не успеат заедно да се постават спрема одговорноста.

Според Могерини, иако не изгледа така, ЕУ прави многу, бидејќи да не се парите од ЕУ, нема да постојат и организациите за помош на бегалците.