Свет Могерини: До крајот на годината ќе се нормализираат односите меѓу ЕУ и...

Могерини: До крајот на годината ќе се нормализираат односите меѓу ЕУ и Куба

Куба и Европската унија до крајот на годинава би требало да го потпишат договорот за нормализација на односите, соопшти високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, по средбата со кубанскиот претседател Раул Кастро.

Могерини рече дека работат на забрзување на темпото на преговорите и на создавање нацрт-договор и додаде дека „одмрзнувањето“ на односите меѓу ЕУ и Куба не е поврзано со повторното воспоставување односи меѓу Хавана и Вашингтон.
ЕУ ги замрзна односите со Куба во 2003 година поради тамошното апсење дисиденти.