Свет Европа Могерини: Без колективен договор за бегалците, ЕУ може да се распадне

Могерини: Без колективен договор за бегалците, ЕУ може да се распадне

Европската унија би можела да се распадне ако на мигрантската криза не се одговори колективно и со инструментите што се на располагање, предупреди шефицата на дипломатијата на Унијата, Федерика Могерини, во интервју за италијанскиот весник „Ил соле 24 оре“.

Според Могерини, која е и потпретседателка на Европската комисија, доколку Европејците се задоволат со националните одговори на европската појава, „кризата ќе се влоши, со верижна реакција на јавното мислење и на националните влади“.

– Без тие инструменти постои ризик од распад – рече таа, додавајќи дека тоа важи и во обратна насока, односно ако се применат инструментите на Унијата, ќе се направи скок кон интеграција на мигрантите.