Главна секција МНР за средбата во Виена: Продолжуваат напорите за наоѓање решение

МНР за средбата во Виена: Продолжуваат напорите за наоѓање решение

Министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат напорите под покровителство на ОН, соопшти македонското Министерство за надворешни работи, известувајќи за денешната средба на личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц со министрите за надворешни работи на  Македонија и Грција.

Средбата се одржа во канцеларијата на ОН во Виена.

„По конструктивната средба која е дел од напорите за наоѓање на заедничко прифатливо решение за надминување на разликата околу името, Министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат напорите под покровителство на ОН“, гласи соопштението.