Главна секција МНР: Персоналот на амбасадата на Србија повикан на консултации во Белград

МНР: Персоналот на амбасадата на Србија повикан на консултации во Белград

Министерството за надворешни работи денеска добило нота од амбасадата на Република Србија во Скопје, во кое било известено дека персоналот на амбасадата е повикан на консултации во Белград, соопштуваат од МНР.

„МНР на Република Македонија не е запознаено со причините за оваа одлука и во тој правец, воспоставува комуникација со МНР на Република Србија во насока на утврдување на причините за оваа постапка. Согласно релевантните одредби на Виенската конвенција за дипломатски односи, соодветните институции на Македонија преземаат мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на амбасадата на Република Србија во Скопје“, се вели во соопштението на МНР.