Свет Мнозинството Американци се против предлогот на Трамп

Мнозинството Американци се против предлогот на Трамп

Стотина активисти протестираа пред хотелот на Доналд Трамп, претендент за републикански претседателски кандидат, во центарот на Њујорк, изразувајќи несогласување со неговата изјава дека треба да им се забрани влез на муслимани во САД.

Учесниците на демонстрациите во Њујорк рекоа дека тој со својата изјава само го зајакнал бранот на исламофобија.
Повеќето Американци се против предлогот на Трамп, на муслиманите да им се забрани влез во САД, додека секој четврти испитаник ја поддржува идејата, покажаа резултатите од испитувањето на јавното мислење.

Анкетата покажала дека 59 отсто од Американците имаат позитивно мислење за муслиманите, додека 29 отсто имаат негативен став.

Предлогот на Трамп го отфрлија и многу негови колеги, кандидати за претседателска номинација од редовите на републиканците.