Свет Балкан ММФ: Владата на Ципрас е одговорна за бавните реформи

ММФ: Владата на Ципрас е одговорна за бавните реформи

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) смета дека на Грција ќе ѝ биде потребна помош од 50 милијарди евра во новиот круг финансиска помош од крајот на октомри годинава, па сè до 2018 година.

ММФ денеска соопшти дека Атина била бавна во усвојувањето на економските реформи, а за тоа е виновна актуелната влада на Алексис Ципрас. Минатата година ММФ предвидуваше дека грчкиот долг ќе падне од 175 отсто од домашниот бруто-производ во 2013 година на 128 отсто во 2020 година. Според сегашните прогнози, долгот ќе биде околу 150 отсто од БДП во 2020 година.

Светската монетарна организација смета дека доверителите мораат да ѝ понудат на Грција дисконтни каматни стапки и подолг рок на отплата.