Главна секција ММФ: Владата да се фокусира на слабостите на јавната администрација, пазарот на...

ММФ: Владата да се фокусира на слабостите на јавната администрација, пазарот на трудот и правосудството

Структурните политики да се фокусираат на долготрајните слабости на пазарот на трудот, правосудството и јавната администрација за да се зголеми продуктивноста, препорачува Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај за Македонија.

„Повеќе од дванаесет години откако го доби кандидатскиот статус, прв пат аспирациите на Македонија за отварање преговори за членство во Европската Унија изгледаат надежно. Крајот на политичката криза ги заживеа структурните реформи, но инвестициите допрва треба да се засилат по долготрајната несигурност“, се вели во извештајот.