Свет Европа ММФ: Пад на украинскиот БДП за девет отсто

ММФ: Пад на украинскиот БДП за девет отсто

Украина годинава ќе има пад на домашниот бруто-производ (БДП) од девет отсто, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Априлската, а сега ревидирана процена на ММФ за економските движења во Украина превидувала речиси двојно помал пад на БДП во Украина од 5,5 отсто.

ММФ очекува инфлацијата во Украина, која е економски опустошена од едногодишната војна, да достигне дури 46 отсто поради неповолниот курс на нејзината валута и поради поскапувањето на горивото.

Шефот на мисијата на ММФ во Украина, Николај Гуеоргуиев, наведе дека разговорите на делегацијата на Фондот и на украинските претставници биле конструктивни и оти се воочени некои знаци на зголемена стабилност на украинската економија.