Економија ММФ: Неисполнување на политичкиот договор негативно ќе влијае врз економијата

ММФ: Неисполнување на политичкиот договор негативно ќе влијае врз економијата

Економскиот пораст ќе продолжи со умерено темпо и годинава ќе изнесува 3,2 проценти, се вели во најновиот извештај на ММФ за Македонија. Домашниот бруто-производ ќе достигне 3,2 проценти како резултат на странските инвестиции, инфраструктура и на потрошувачката.

Јавниот долг, според монетарците, од 2008 година досега е зголемен двојно и минатата година достигна 43,3 проценти. Дефицитот, според ММФ, ќе изнесува 4,2 проценти од БДП, наместо предвидените 3,4 проценти во буџетот. Кон тоа придонесуваат намалените приходи, зголемените плати на полицијата, капиталните расходи и влошената безбедносна состојба.

Според извештајот на ММФ, неисполнувањето на политичкиот договор и грчката криза може негативно да влијаат врз економскиот пораст и целата економија.

Извршниот одбор на директори на ММФ ги повикаува властите да продолжат со структурни реформи за да се обезбеди посилно создавање работни места и пошироко споделување на економските придобивки преку поголемо прелевање во домашната економија.

Тие препорачуваат и дополнителни напори за обезбедување полесен пристап до кредити за фирмите, скратување на роковите при доцнење во наплатата, зголемена конкурентност, како и рационализација на многубројните инспекциски тела.