Свет Европа ММФ: Лондон и Брисел да обезбедат транзиција на новиот економски однос

ММФ: Лондон и Брисел да обезбедат транзиција на новиот економски однос

Велика Британија и Европа треба да обезбедат непречена транзиција на новиот економски однос меѓу Лондон и ЕУ, порача денеска генералниот директор на ММФ, Кристин Лагард, и притоа побара да се објасни и процедурата и широките цели што ќе го насочуваат процесот.

– Силно го поддржуваме ангажманот на Народната банка на Велика Британија и на Европската централна банка да обезбедат ликвидност на банкарскиот систем и да ја намалат финансиската нестабилност – рече Лагард, додавајќи дека ММФ ќе продолжи да го следи развојот на настаните и ќе им помага на своите членки доколку има потреба.