Свет Европа ММФ: Излегувањето од ЕУ ќе ја загрози британската економија

ММФ: Излегувањето од ЕУ ќе ја загрози британската економија

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска предупреди дека излегувањето на Велика Британија од Европската Унија би имал „негативно и значајно влијание“ на економскиот пораст за земјата, а статусот на Лондон како глобален финансиски центар би можел да биде загрозен.

Во редовниот извештај за состојбата на британската економија, ММФ наведува дека гласањето на референдумот за излез од ЕУ може да резултира со „долготраен период на засилена несигурност“, пренесува „Би-би-си“.