Свет Европа Млекарите го блокираа Брисел

Млекарите го блокираа Брисел

Голем број трактори, кои пристигаат на масовниот протест на произведувачите на млеко, најавен за денеска, во текот на ноќта го парализираа Брисел, а главните сообраќајници се затворени.

Белгиските млекари, кои протестираат поради ниската цена на млекото, планираа да донесат 5.000 трактори, а доаѓањето на првата група машини веќе предизвика затворање на главните тунели и авении што водат кон центарот на градот.

Млекарите бараат да им се вратат субвенциите и да се ограничи увозот на млеко, откако белгиската влада, повикувајќи се на прописите на ЕУ, постепено ги запре дотациите за фармерите и го отвори пазарот за увоз на евтино млеко од странство, што доведе до поевтинување на млекото за околу 25 отсто.