Ctrl - Z Младите иноватори од ООУ „Лазо Ангеловски“ создадоа рециклирачки систем

Младите иноватори од ООУ „Лазо Ангеловски“ создадоа рециклирачки систем

Учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ создале аквапоничен рециклирачки систем, финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој преку програмата „Предизвик за млади истражувачи“, информираат од Општина Аеродром.

„Учениците и нивните наставници ги презентираа сите составни делови на системот што се наоѓа во училиштето, како и нивната функција и намена. Имено, со овој систем се заштитува животната средина, се штеди водата и се произведува здрава органска храна“, велат од општината.

Директорот на училиштето, Перо Арсеновски, посочи дека овој иновативен систем поттикнал заинтересираност кај претприемачите – партнери на училиштето и ќе биде презентиран пред претставниците на малите и средните претпријатија. Училиштето, исто така, има во план да ја патентира оваа иновација на младите иноватори.