Хроника Млад демиркапиец загина во сообраќајка во Демиркаписка Клисура

Млад демиркапиец загина во сообраќајка во Демиркаписка Клисура

Во директен судир што се случил ноќеска на автопатот Скопје – Гевгелија, во Демиркаписка Клисура животот го загубил 24-годишен жител на Демир Капија.

Како што соопшти полицијата, во 3.50 часот денеска се судриле автомобил „сеат леаон“ со неготински регистерски таблички, управуван од С.Ј.(24) од Демир Капија, и автомобил „мерцедес“ со скопски таблички, управувано од Ѓ.Ч. (65) од Скопје.

Во судирот животот го загубил младиот демиркапиец, а возачот на „мерцедесот“ бил повреден.

Се работи на целосно расчистување на случајот.