Македонија Мицкоски: Заев не треба да се подготвува за предвремени избори туку за...

Мицкоски: Заев не треба да се подготвува за предвремени избори туку за политичка пензија

Зоран Заев не треба да се подготвува за предвремени избори туку за политичка пензија, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање во однос на изјавата на премиерот Зоран Заев дека очекува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат одлуката на граѓаните на референдумот, во спротивно ќе мора да се оди на предвремени парламентарни избори.

Мицкоски не се изјасни конкретно, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати предвремени избори доколку Договорот не помине во Собранието.

Според него, референдумот е неуспешен и за тоа единствен виновник е Зоран Заев и штетниот Договор со Грција.