Ctrl - Z АРТ Мира Гаќина не е повеќе директорка на Музејот на современа уметност

Мира Гаќина не е повеќе директорка на Музејот на современа уметност

Гаќина се повлекува од лични причини

Фото: МСУ

Музејот на современата уметност – Скопје ја известува јавноста дека Мира Гаќина, по шест години успешно извршување на должноста директорка на музејот се повлекува од лични причини. Таа е по вокација историчарка на уметноста, магистер по музеологија, со докторат по продукција и управување на институции од културата – студија на случај МСУ – Скопје. Формирајќи и успешно работејќи со тим од искусни и докажани професиналци во својата струка, Мира Гаќина изминатите години успеа да го стави МСУ на мапата на европските и светските музејски центри, реализирајќи повеќе капитални изложбени проекти.

Во својот мандат, Мира Гаќина и тимот на МСУ во континуитет продуцираа и поставки во кои изложуваат светски познати и домашни докажани уметници.

Од исклучително значење за музејот и македонската уметност и култура е и повторното заживување на донаторската димензија на МСУ, збогатувајќи ги збирките со над стотина нови подароци од странски и македонски уметници и донатори. Во овој период МСУ ја подигна на многу повисоко ниво и важноста на своите едукативни програми, како една од суштинските социјални димензии на музејот.