Македонија МИОА: Администрацијата брои 128.253 вработени

МИОА: Администрацијата брои 128.253 вработени

Во јавниот сектор има 128.253 вработени, официјално потври денеска Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА), откако еврокомесарот Јоханес Хан обелодени дека во јавната администрација во земјава работат 185.000 луѓе. Податокот, соопшти МИОА, се однесува на вкупно 1.354 институции, вклучително и на јавните претпријатија.

„Со новиот Закон за вработени за јавен сектор, кој стапи на сила во февруари оваа година, Министерството доби надлежност почнувајќи од февруари 2016 година, да воспостави и да води регистар на вработени во јавниот сектор и соодветно да објавува годишни извештаи. Сè до целосното воспоставување на регистарот и подготовката на првиот годишен извештај утврден со новиот закон, Министерството користи податоци добиени преку вкрстување на базите на повеќе релевантни институции“, стои во соопштението.