Главна секција Министрите за надворешни на ЕУ подготвуваат заклучоци за Македонија

Министрите за надворешни на ЕУ подготвуваат заклучоци за Македонија

Во вторник, министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе усвојат заклучок во кој ќе се изрази сериозна загриженост за политичката состојба во Македонија, стои во нацрт-заклучоците на Советот, дознава „Мета“.

Министрите, исто така, ќе побараат одговорност од сите политички фактори во земјата, а се очекува да изразат став дека е неопходна истрага за содржината од „бомбите“ на опозицијата.

Советот на министри во вторник ќе испрати порака до македонските политички субјекти дека наскоро ќе се наврати на оваа тема, со очекување дека политичката состојба ќе се подобри.

Фактот што министрите подготвуваат заклучоци за Македонија може да се смета за политички сигнал на загриженост од Европската унија.

Априлскиот совет за надворешни работи традиционално ќе се одржи во Луксембург.

Т.М.