Главна секција Министрите од ДУИ ги доставија оставките до премиерот Емил Димитриев

Министрите од ДУИ ги доставија оставките до премиерот Емил Димитриев

Министрите од ДУИ денеска ги доставуваат оставките до премиерот задолжен за организирање на избори, Емил Димитриев.

Од партијата на Али Ахмети денеска не сакаат дополнително да коментираат и се повикуваат на синоќешното соопштение.

Претседателството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера вечер во партиското седиште во Тетово донело одлука да ги повлече своите министри од Владата на Република Македонија и да ја испита политика на партијата во следните денови.

На состанокот, покрај одлуката за повлекување на министрите, партиското претседателство ги потврдило и ставовите дека лидерот Али Ахмети има потполно овластување да ги носи одлуките за натамошните чекори на партијата.