Македонија Министерство за здравство: Нови шест случаи со морбили, вакцинирани вкупно 5.107 деца

Министерство за здравство: Нови шест случаи со морбили, вакцинирани вкупно 5.107 деца

Фото: Мета.мк

Министерство за здравство информираше дека вчерашниот ден се регистрирани шест нови случаи на морбили.

„На Kлиниката за инфективни болести е хоспитализирано едномесечно бебе со Даунов синдром од Куманово, кое е со потешка клиничка слика и претходно било лекувано на Клиниката за детски болести. Инаку, на Kлиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 20 пациенти со ова заболување. Амбулантски се прегледани пет пациенти со симптоми на морбили, од кои едно шестгодишно дете од скопското село Љуботен, кое е вакцинирано со една доза, како и четири возрасни пациенти (двајца од Скопје, и по еден од Дебар и од Куманово), кои се пуштени на домашно лекување. Според податоци од пунктовите за имунизација, од почетокот на епидемијата се вакцинирани вкупно 5.107 деца“, соопштуваат од Министерство за здравство.