Повеќе од 3.600 деца се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација, во рамки на кампањата на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија, насловена „Од врата до врата“. Освен тоа, поделени се и повеќе од 7.500 информативни материјали.
Како што информираат во Министерството за зравство, во рамки на оваа кампања се вакцинирани и 2.630 граѓани над 65 годишна возраст во нивните домови со вакцина против сезонски грип, кои не можеле да пристапат до пунктовите за имунизација. За нив е обезбедена и бивалентна ревакцина против ковид-19.
„Во кампањата беа вклучени 30 медицински тимови од здравствените домови. Вкупно беа посетени 221 рурално место и 79 урбани населени места, односно вкупно 3.867 домови низ државата“, информираат во министерството.