Македонија Министерство за транспорт: СДСМ за обиколницата изнесе куп лаги

Министерство за транспорт: СДСМ за обиколницата изнесе куп лаги

„На СДСМ не им е грижа за граѓаните, па сега ја користат и уметноста да објавуваат лаги и невистини, користејќи ја секоја ситуација за да дојдат до гласовите на граѓаните. Господинот Бочварски денеска изнесе еден куп лаги и невистини“, реагираат од Министерството за транспорт и врски на прес-конференцијата на СДСМ.

– Прва лага што СДСМ ја објави е дека скопската обиколница е целосно затворена за сообраќај 37 дена. Според привремениот режим, обиколницата е затворена 16 работни дена и тоа во период од 7 часот до 19 часот, што значи дека од 19 часот, па сè до 7 наутро ќе може да се користи за сообраќај. Втора лага што СДСМ ја соопшти е во врска со средствата што продукцијата ќе ги уплати за користење на автопатишата во Република Македонија во висина од 78.000 евра. Не е точно дека се 78.000 евра, се работи за два договори од околу 17,5 милиони денари, од кои 12,7 милиони денари за договор што со ЈП за државни патишта го постигнаа како надомест за затворање на патарините во деновите кога ќе се снима филмот и 4,8 милиони денари договор со ЈП „Македонија пат“ за реконструкција на регионалниот пат Велес – Градско – пишува во реакцијата на М9инистерството за транспорт и врски.