Свет Европа Министерот за сообраќај на Италија поднесе оставка поради корупциски скандал

Министерот за сообраќај на Италија поднесе оставка поради корупциски скандал

Оставка денеска поднесе италијанскиот министер за сообраќај и инфраструктура, Маурицио Лупи, поради, како што рече, политичка одговорност за местење тендерии.

Против Лупи не е подигнато обвинение, ниту е покрената официјална истрага.

Во корупцискиот скандал, вмешан е и синот на Лупи, кој од бизнисменот Стефан Пероти доби часовник „ролекс“ вреден 10.000 евра. Лупи посочи дека и нему му бил понуден часовник, но го одбил. Сепак, не му кажал на својот син да го врати.

Кога скандалот беше обелоденет на почетокот од неделата, Лупи одбиваше да поднесе оставка. Во рамките на аферата поради корупција, покрената е истрага против повеќе од 50 луѓе, меѓу кои и политичари.