Свет Балкан Министерот за финансии на Романија поднесе оставка

Министерот за финансии на Романија поднесе оставка

Министерот за финансии на Романија, Дариус Валцов, синоќа поднесе оставка откако против него е покрената истрага дека примил мито од два милиони евра во периодот кога бил градоначалник на Слатина.

Валцов поднел писмена оставка неколку часа откако претседателот на Романија, Клаус Јоханис, го повика премиерот да го смени поради големите критики во јавноста на сметка на владата.

Обвинителството во петокот го обвини Валцов за злоупотреба на положбата, наведувајќи дека како градоначалник на Слатина фаворизирал локален бизнисмен, а за возврат добил удел од 20 отсто од неговиот профит.

Според наводите на обвинителството, подмитувањето се одвивало во периодот од 2010 до 2013 година. Валцов ги отфрли сите обвиненија.