Македонија Министерот Дамјан Манчевски повторно во самоизолација

Министерот Дамјан Манчевски повторно во самоизолација

Министерот за информатичко општество и администрација информираше дека е во самоизолација откако неговиот заменик министер и возач се позитивни на корона вирус.

„Откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на ковид-19. Согласно препораките на епидемиолозите во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација“, напиша синоќа министерот на својот Фејсбук профил.

Подоцна тој објави фотографија со која напиша дека сам слави за победата на СДСМ.

Ова е втор пат министерот Манчевски да оди во самоизолација. Претходно тој мораше да се самоизолира по објавата за позитивниот тест на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, а со кој претходно имал контакт.