Култура Министерката Канческа-Милевска се сретна со амбасадарот Пломп

Министерката Канческа-Милевска се сретна со амбасадарот Пломп

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп, со кој разговарала за продлабочување на соработката помеѓу двете земји преку поголема размена на експерти, уметници и на проекти.

Министерката Канческа-Милевска на средбата потсетила дека досегашната соработка со Кралството Холандија е на солидно ниво со континуирано претставување на македонската култура во оваа земја, но значаен е и бројот на содржините со кои холандската култура се претставува во Република Македонија.

Соговорниците ја поздравија досегашната успешна соработка меѓу институциите од областа на културата меѓу двете земји, а ја истакнаа реализацијата на проектите меѓу националните библиотеки од Скопје и од Амстердам, како и размената на експерти и на уметници во областа на современиот танц и креативните индустрии.

Тие ја нагласија и важноста на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, кој има исклучителна соработка со експертите од Кралството Холандија, кои се лидери во областа на креативните индустрии.