Дописници Милион евра за обнова на стадионот во Штип

Милион евра за обнова на стадионот во Штип

Половина милион евра е должна да обезбеди Општина Штип за целосната реконструкација на Градскиот стадион, каде игра и тренира прволигашот „Брегалница“.

Втората половина од милионот, е обврска на ФФМ, преку донација на фудбалска асоцијација, УЕФА.

Договорот меѓу Општината Штип и ФФМ е потпишан минатата година, но, досега штипскиот Совет сè уште немаше донесено одлука за финансиско учество во проектот. Одлуката ќе биде донсена на следната седница, со што практично ќе почне да тече перидот од една година, до кога треба да се заврши реконструкцијата на стадионот.

Според договорот, Општина Штип ќе има обврска да постави 5.000 столчиња, да ги обнови трибините, да го покрие стадионот, да обезбеди дел за медиумите и влезовите и излезите. Со донацијата на УЕФА, ќе се подготви тревната површина, со нов дренажен систем и автоматски систем за иригација – полевање, нова песочна подлога.

Проектот е одобрен од ФФМ. Со реконструкцијата, штипскиот стадион ќе ги има стандардите на УЕФА, по пример на неколку други стадиони во Македонија.