Свет Балкан Милановиќ: Нема да подигнеме ѕид на границата со Србија

Милановиќ: Нема да подигнеме ѕид на границата со Србија

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска повтори дека Хрватска нема да подигне ѕид на границата со Србија и порача дека ситуација со бегалците е под контрола.

– Низ Хрватска, Словенија и, до пред некој ден, низ славната Унгарија само се минуваше – рече Милановиќ во Ријека и додаде дека треба да се слушаат што говорат земјите кои можат да им бидат за пример на оние кои подигаат ѕидови.