Свет Балкан Милановиќ го откажа учеството на самитот во Белград поради Шешељ

Милановиќ го откажа учеството на самитот во Белград поради Шешељ

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ го откажа присуството на состанокот на премиерите на земјите од Централна и од Источна Европа со Кина во Белград, поради реакциите на српските власти на ослободувањето на лидерот на српските радикали Воислав Шешељ, пишува загрепскиот весник „Јутарњи лист“.

Според информации на весникот, наместо Милановиќ, во Белград ќе допатува министерот за поморство, сообраќај и инфраструктура, Синиша Хајдаш Дончиќ.

– Милановиќ во блиска иднина нема да се состане со премиерот на Србија, Александар Вучиќ – изјавил за „Јутарњи лист“ висок претставник на хрватската Влада, кој побарал да остане анонимен.