Македонија Мијалков денеска првпат излегува од „Шутка“

Мијалков денеска првпат излегува од „Шутка“

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, денеска, првпат откако е притворен пред девет дена, ќе излезе од затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари. Треба да биде спроведен на судењето за случајот „Титаник 2“ во Основен суд Скопје 2.

Тој во Кривичниот суд требаше да има судење и минатата седмица, и тоа за случајот „Таргет – Тврдина“ за кој всушност му беше одреден притворот, но судењето не се одржа со образложение дека судот немал доволно време да испрати наредба за спровод на обвинетиот до Истражниот затвор во Шутка.