Хроника Мигрант загина на пругата кај Демир Капија

Мигрант загина на пругата кај Демир Капија

Мигрант од Сирија го загубил животот на железничката пруга, во близина на надвозникот кај Демир Капија, соопшти полицијата.

Полициски екипи и јавен обвинител извршиле увид на местото и било констатирано дека станува збор за државјанин на Срија на возраст од 25 години.

За еден месец, ова е шеста несреќа во која гинат мигранти на железничките пруги во земјата. Во несреќите животите ги загубија седум лица и едно бебе.