Македонија Мицкоски до Заев: Нема да поддржиме закон за амнестирање на криминалот на...

Мицкоски до Заев: Нема да поддржиме закон за амнестирање на криминалот на Заеви

По вчерашното видеообраќањее на премиерот Зоран Заев во кое тој ја повика опозицијата да биде конструктивна и да ги поддржи новите законски измени на законот за јавното обвинителство, но истовремено ја нарече ВМРО-ДПМНЕ „партијата што ѝ донесе неправда на земјата“, Христијан Мицкоски одговори преку Фејсбук.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ работела конструктивно, но сега не може да поддржи „закон кој има единствена цел, амнестија на криминалот на Заеви и пресметка со политичките противници од опозицијата“.

„Зоран Заев можеби заборавил, но ќе го потсетам дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција работеше на реформите и благодарение на додадената вредност во тој реформски процес Република Македонија денес сѐ уште добива позитивни извештаи со препорака за добивање датум за отпочнување преговори од Европската комисија. Но, да сме јасни, јас и ВМРО-ДПМНЕ не можеме да поддржиме закон кој има единствена цел, амнестија на криминалот на Заеви и пресметка со политичките противници од опозицијата.
Се согласувам апсолутно со тврдењето дека имплементцијата на правдата зависи од ВМРО-ДПМНЕ, добро е што и Зоран Заев и неговите обожаватели сфатија дека за неколку месеци од сега реалноста ќе биде поинаква во Република Македонија. Со други зборови, Заев не е во состојба да наметнува услови, ниту да диктира темпо, а правдата е потребна зашто тој и неговите луѓе носат неправда“, напиша Мицкоски.