Видео Мичиген: Еден загинат во верижен судир на 123 возила

Мичиген: Еден загинат во верижен судир на 123 возила

Еден лице загина, а дваесетина се повредени при верижен судир на 123 возила во американската сојузна држава Мичиген.

Како што јавуваат американските медиуми, едно од возилата е камион што превезувал пиротехнички средства. По судирот тој се запалил, додека друг камион што превезувал хемикалии, исто така, се превртел. Причина за несреќата се снегот и маглата кои придонеле за намалена видливост.