Подглавна секција Метеоролозите од САД велат дека 2020 ќе биде најтоплата година досега

Метеоролозите од САД велат дека 2020 ќе биде најтоплата година досега

Иако блокадите на населението поради пандемијата Ковид-19 драстично ги намали количествата испуштени стакленички гасови, сепак ќе бидат потребни уште мерки за борба против глобалното затоплување, а 2020 по се изгледа ќе биде најтоплата година откако во континуитет се вршат метеоролошките мерења.

Шансите за тоа се 50 до 75 отсто, а ако тоа се случи, ќе биде надминат рекордот на 2016 година, која засега важи за најтоплата година досега, велат од Националната океанографска и атмосферична администрација на САД.

Годинашниот јануари бил најтоплиот откако се вршат мерења, а во февруари на Антарктик првпат беа регистрирани 20 Целзиусови степени. Во првите три месеци на годинава, топлото време беше најизразено во Источна Европа и Азија.