Свет Европа Меркел: Затворањето на границите на ЕУ е илузија во 21 век

Меркел: Затворањето на границите на ЕУ е илузија во 21 век

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа мора да соработува со Турција за да се реши бегалската криза, оценувајќи дека затворањето на границите на Унијата претставува „илузија во 21 век“.

Подобрувањето на условите во регионите од кои доаѓаат бегалците би можело да ги одврати од доаѓање во Европа, оцени канцеларката во пресрет на денешниот самит на лидери на ЕУ.

– Турција без сомнеж има клучна улога во оваа работа, затоа што прими речиси два милиони Сиријци и е главна транзитна земја за бегалците – рече Меркел во обраќањето пред пратениците.

Таа додаде дека ЕУ мора да ѝ помогне на Турција за подобро да ги брани своите граници против шверцерите во водите меѓу Турција и Грција.