Свет Европа Меркел се надева дека ќе има нова влада до април

Меркел се надева дека ќе има нова влада до април

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази надеж дека новата влада ќе биде формирана до Велигден, јави ДПА.

Во својот изборен округ во Тринвилерсхаген, во североисточната провинција Мекленбург-Западна Померанија, синоќа маратонските разговори меѓу нејзиниот блок ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите за тоа дали да влезат во официјални преговори за коалицирање, Меркел ги нарече „првиот чекор во еден долг процес”.