Свет Европа Меркел: Потребно е да се најде паневропско решение за бегалците

Меркел: Потребно е да се најде паневропско решение за бегалците

Германија и другите земји членки на ЕУ предолго го игнорираа засилувањето на бегалската криза на надворешните граници на Унијата, оцени германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за весникот „Зидојче цајтунг“.

– Во Германија предолго го игнориравме тој проблем и ја блокиравме потребата за пронаоѓање паневропско решение – рече Меркел.

Канцеларката, која е соочена со критики во Германија поради политиката на отворени врати за бегалците, рече дека Германија и ЕУ мора да бидат трпеливи и истрајни во соочувањето со миграцијата во Европа.