Свет Европа Меркел ќе одржи состанок со лидерите на политичките партии за кризата во...

Меркел ќе одржи состанок со лидерите на политичките партии за кризата во Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел свика итна средба помеѓу лидерите на најголемите партии во Германија, откако преговорите помеѓу Атина и кредиторите преминаа на ново опасно ниво.

Извори блиски до германската влада откриваат дека канцеларката Меркел целосно ја вклучила дипломатијата за кризата.

Во меѓувреме, во петокот, Меркел ја обвини Грција дека презема регресивни чекори и нагласи дека Берлин нема да биде уценуван од барањата на должниците.