Свет Европа Меркел го дочека Макрон со срдечно ракување

Меркел го дочека Макрон со срдечно ракување

Германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин го дочека новоизбраниот француски претседател, Емануел Макрон, со најголеми почести.

Тие, по срдечното поздравување, ги почнаа разговорите, само еден ден откако Макрон беше инаугуриран за претседател.

Голема група граѓани ја следеше церемонијата за дочекот на шефот на француската држава.
Макрон последен пат со германската канцеларка се сретна кога беше претседателски кандидат во март во Берлин.

Францускиот претседател со посетата на Берлин како прва дестинација на новата функција, ја продолжи традиција на француските претседатели, па стана четвртиот претседател на земјата кого Меркел го дочекува како канцеларка во изминатите 12 години.