Македонија Меркел до Заев: Ја имате поддршката на Германија, се гледаме на 12...

Меркел до Заев: Ја имате поддршката на Германија, се гледаме на 12 јули

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска испратила честитка до Зоран Заев по повод неговиот избори за премиер и по повод формирањето на новата Влада.

„Срдечно Ви честитам за Вашиот избор за премиер. Сојузната влада решително ја поддржува целта на понатамошното приближување на Вашата земја до Европската Унија и НАТО. Сојузна Република Германија со задоволство ќе Ве поддржи во Вашите заложби“, вели Меркел во честитката.

„Се радувам што лично ќе се запознаеме на следната Конференција за Западен Балкан на 12 јули во Трст“, додала германската канцеларка во честитката до премиерот Заев.