Свет Европа Меркел: Британија не ќе може да избере кои привилегии ќе ги задржи

Меркел: Британија не ќе може да избере кои привилегии ќе ги задржи

Велика Британија нема да може да избира кои европски привилегии може да ги користи, а кои да ги отфрли, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел, говорејќи за текот на преговорите меѓу Брисел и Лондон за напуштање на Унијата.

– Тој што сака да го напушти своето семејство, не може да очекува дека ќе ги задржи привилегиите, а ќе нема обврски. Ние ќе обезбедиме да нема преговори на принципот на избирање обврски и привилегии – рече Меркел пред германскиот парламент, додавајќи дека ќе направи сè за да ја запре поделбата во ЕУ по британскиот референдум.

Меркел порача дека ЕУ може да го преживее напуштањето на Британија и оти ќе продолжи да биде гарант на мирот, просперитетот и на стабилноста. Таа рече дека очекува Британија, по заминувањето, да сака да одржува блиски односи со Европа, но оти Лондон не смее да очекува оти тие односи ќе бидат такви какви што биле додека земјата била членка на ЕУ.