Забава Меморијален концерт за Дејвид Боуви во Њујорк

Меморијален концерт за Дејвид Боуви во Њујорк

Меморијален концерт за Дејвид Боуви ќе се одржи во њујоршката концертна сала „Карнеги хол“ на 31 март.

Првобитно било планирано музиката на Дејвид Боуви да биде изведена на почесен концерт, но организаторите, по неговата смрт, одлучиле концертот да биде меморијален.

Групата на Тони Висконти ќе настапи на концертот, заедно со уметници, како што е Синди Лопер.

Билетите вчера се пуштени во продажба и веќе се распродадени.

Боуви почина од рак на 69 години. Ненадејната смрт на пејачот го смени планот за почесниот концерт, на кој се работело седум месеци.