Свет Балкан Меѓународниот суд на правдата ги отфрли тужбите на Србија и на Хрватска

Меѓународниот суд на правдата ги отфрли тужбите на Србија и на Хрватска

Пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Хрватска не докажа дека Југословенската народна армија извршила геноцид над хрватското население на хрватска територија во периодот од 1991 до 1995 година.

Судот, исто така, пресуди дека и Србија не успеала да докаже дека бил извршен геноцид над српските цивили во Хрватска.

Пресудата ја прочита претседателот на судот, Петер Томка.

Спорот почна кога Хрватска, на 2 јули 1999 година, поднесе тужба против Србија, на што Србија, на 4 јануари 2010 година, возврати со противтужба. Усната расправа пред Меѓународнот суд на правдата заврши на 1 април минатата година.

Пресудата е конечна затоа што не постои право на жалба, а државите се обврзани да ја почитуваат.