Култура Меѓународна награда за македонските писатели Тоциновски и Шипинкаровски

Меѓународна награда за македонските писатели Тоциновски и Шипинкаровски

Македонските писатели Васил Тоциновски и Петко Шипинкаровски се годинешни добитници на меѓународната книжевна награда „Донат“, што на институции и на поединци традиционално ја доделува хрватското книжевно друштво од Задар.

Наградата им се доделува за творечкиот опус и за посебен придонес во книжевната соработка меѓу Хрватска и Македонија.

Досегашни добитници на наградата се Задарска жупанија, Задарски лист, ГК Задар, ХРТ-Задар, Задарска приватна гимназија, како и угледните хрватски културни работници Анте Михиќ, Анте Грегов Јурин, Валерио Орлиќ, Фикрет Цацан, Жаклина Куфија и Ени Г. Дешковиќ.