Дописници Меѓународна конференција за културно наследство: „Охрид – Водици 2016“

Меѓународна конференција за културно наследство: „Охрид – Водици 2016“

Од утре до 19 јануари во Охрид ќе се одржи четвртата Меѓународна конференција за културно наследство, економски развој, туризам и за медиуми „Охрид – Водици 2016“.

Годинава учесниците на конференцијата ќе се фокусираат на темата „Тероризмот, миграција, бегалци – современи предизвици за културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и за медиумите“.

Првпат на конференцијата ќе учествуваат претставници од Европа, Америка, Африка и од Азија.

Во рамките на конференцијата, утре во  12 часот, во галеријата на  Куќата на Робевци, ќе биде отворена фото-изложбата „Славата на бреговите на Нил: Културното наследство на Египет“.