вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Богојавление | 13 резултати

Следниот петок неработен за православните верници

јануари 12, 2018

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека следниот петок, 19 јануари 2018 година, кога се одбележува празникот Водици е неработен за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија. Истовремено, Министерството им го честита празникот на православните граѓани.

Наградата на Охридската академија за хуманизам за Јиржи Свобода

јануари 5, 2017

Светската награда за хуманизам за 2017 година, на Охридската академија на хуманизам, му e доделeна на Јиржи Свобода, култно име на чешката и на светската кинематографија. Доделувањето на наградата ќе се одржи во Охрид на 18 јануари, на празникот Богојавление, Водици, во Куќата на Уранија на МАНУ, со почеток во 19 часот. – Неговиот исклучителен […]

Охрид подготвен за Богојавление – Водици

јануари 18, 2016

Во Охрид, утре, на чинот на фрлањето на светиот крст во водите на Охридско Езеро за празникот Богојавление – Водици, се очекуваат повеќе илјади гости, пред сè, домашни, но и индивидуални туристи од Бугарија, Србија и од другите земји од соседството. Хотелиерите и угостителите, и овојпат, аранжаманите за Водици ги нудат по промотивни цени, намалени, во […]

Меѓународна конференција за културно наследство: „Охрид – Водици 2016“

јануари 16, 2016

Од утре до 19 јануари во Охрид ќе се одржи четвртата Меѓународна конференција за културно наследство, економски развој, туризам и за медиуми „Охрид – Водици 2016“. Годинава учесниците на конференцијата ќе се фокусираат на темата „Тероризмот, миграција, бегалци – современи предизвици за културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и за медиумите“. Првпат на конференцијата ќе учествуваат […]

Православните христијани во Измир по сто години првпат го одбележаа празникот Богојавление

јануари 6, 2016

Православните христијани во Измир првпат во 94 години добија дозвола да го одбележат празникот Богојавление, јавува агенцијата ДПА. На пристаништето во третиот по големина град во Турција, што некогаш бил половина грчки, свештеник го фрли крстот во водата и пушти гулаб на слобода како дел од церемонијата. Ритуалот го симболизира крштевањето на Исус Христос и […]

Општината и црквата ја презедоа организацијата на Водици

јануари 6, 2016

Откако граѓанското здружение „Богојавление“, по една деценија, ја откажа организацијата на големиот православен празник Богојавление – Водици, обврската за организација на манфестацијата ја презедоа Општината заедно со Дебарско-кичевската епархија. Градоначалникот Никола Бакрачески формираше посебно координативно тело, во кое има и претставник на црквата. До 19 јануари, има доволно време за да се спроведат сите подготовки. – […]

Здружението „Богојавление“ ја откажа организацијата на манифестацијата Богојавление – Водици

декември 4, 2015

Здружението „Богојавление“ се откажа од организацијата на свеченостите и на манифестациите поврзани со верскиот празник Водици – Богојавление. Иако ваквата одлука на здружението, на некој начин, беше очекувана, јавноста ја прими веста со големо изненадување бидејќи станува збор за манифестација што привлекува илјадници гости надвор од туристичката сезона и придонесува за афирмацијата на градот. – Сакаме […]

Понеделник – Водици е неработен ден

јануари 14, 2015

Неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија е понеделник, Богојавление (Водици). Тоа е во согласност со Законот за празниците, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Богојавление.

Владика Тимотеј: Здружението „Богојавление” не ја афирмира црквата туку личните интереси

јануари 11, 2015

Охридскиот владика г. Тимотеј и оваа година нема да го фрла крстот за големиот верски празник Водици – Богојавление во водите на Охридско Езеро. Минатата година се шпекулираше дека владиката не се појави – официјално поради болест, неофицијално – поради присуството на премиерот Груевски, додека годинава открива други причини. – Нема да бидам тука за […]

Страна 1 од 1